m-banking by Stopanska banka



Screenshots

Description

M-banking сервисот на Стопанска банка е дел од i-bank платформата која претставува пакет на самоуслужни банкарски услуги.

M-banking сервисот се користи со i-bank корисничкиот пристап и лозинка, односно истиот кориснички пристап и лозинка што се користат за најава и во e-banking сервисот на Стопанска банка.

Доколку се уште не сте корисник на i-bank сервисот на Стопанска банка, бесплатен кориснички пристап може да побарате и веднаш да добиете во било која филијала на Банката. Притоа може да добиете пристап само за увид во банкарските сметки и производи или бесплатно и веднаш да добиете ОТП токен за едноставни плаќања на банкарските услуги преку компјутер (e-banking) или паметен телефон и таблет (м-banking).

Апликацијата е бесплатна и отворена за користење.

Повеќе информации за овој сервис се достапни на (02) 3100 109 или на e-mail: kontaktcentar@stb.com.mk

М-banking апликацијата Стопанска банка ви ги овозможува следните услуги:

• Пристап до Вашите сметки, состојбата и расположливите средства во секое време (преглед на состојба, промет за период, структура на картични трансакции, увид во извршените налози, напредно пребарување на налози и изводи и сл.)

• Креирање на ПИН код за поедноставно и побрзо најавување без да се компромитира безбедноста на вашите финансиски информации

• Користење на готови шаблони за брзи уплати на сопствени сметки, уплати за кредити и кредитни картички и други плаќања

• Користење на готови шаблони за брзо плаќање на режиски трошоци (вода и комуналии, стрија, парно, телекомуникации, кабловски оператори, радиодифузна такса)

• Извршување на налози за плаќање преку стандардните ПП30 и ПП50 обрасци, со можност за избор од сопствените сметки (Мои сметки)

• Извршување на девизни налози и конверзија на девизи помеѓу Вашите сметки

• Пристап до информациите за личните банкарски производи, кредитни и дебитни картички, кредити, депозити, амортизациони планови, листа на уплати на кредити и сл.

• Можност за директно “on-line“ аплицирање за кредитни и дебитни производи на Банката 24/7 (за кредити и кредитни и дебитни картички)

• Калкулатори за пресметка на кредитните и депозитните производи на банката

• Курсна Листа со напреден преглед, меѓу валутен калкулатор, избор на курс и трендовски приказ на движењето на различни валути за период од 1, 3, 6 или 12 месеци наназад

• Лоцирање на банкоматите и филијалите на Банката со можност за креирање на локациска рута, увид во работното време на филијалите и нивните контакт податоци, лоцирање на најпопуларните трговци на рати без камата интернет продажни места

• Директен повик до 24/7 Контакт Центарот на Банката или поврзување со СБ преку FB, TW и другите социјални медиуми, како и следење на веб новостите на Стопанска банка.

• Нотификациско сандаче за прием на корисни push и веб известувања

• Пчелка – мобилно катче за најмладите со пристап до Боенка и едукативна игра “Пчелка“

Tags: stopanska banka , stopanska banka mk , stopanska , stopanska banka yu7

Users review

from 818 reviews

"Awesome"

9.2