NLB mKlik - NLB Tutunska banka

NLB mKlik - NLB Tutunska banka

10,000 - 50,000 downloads

Add this app to your lists
View bigger - NLB mKlik - NLB Tutunska banka for Android screenshot
View bigger - NLB mKlik - NLB Tutunska banka for Android screenshot
View bigger - NLB mKlik - NLB Tutunska banka for Android screenshot
НЛБ мКлик е нова услуга на НЛБ Тутунска банка и претставува апликација за мобилен уред која овозможува преглед и спроведување на Вашите финансиски трансакции на сосема безбеден начин. Услугата е достапна 24 часа на ден, седум дена во неделата. НЛБ мКлик услугата може да се користи со Android верзија 1.6 или понова.

Можности на НЛБ мКлик апликацијата:
• Преглед во состојба и промет на сите трансакциски сметки, картички и депозити.
• Конверзија од една во друга валута од трансакциската сметка.
• Плаќање на сите режиски трошоци.
• Плаќања кон физички и правни лица во земјата со заштеда во провизија од над 60%.
• Плаќање на обврски кон Банката за кредитни картички и кредити
• Интерни трансакции, уплати на НЛБ Постепено штедење и Скалест депозит.
• Интерни трансакции од и на Ваши сметки.
• Преглед на курсна листа.

Предности на НЛБ мКлик мобилното банкарство:
• Заштеда на време и пари.
• Независност од работното време на експозитурите на Банката.
• Најприфатливо решение кога немате пристап до персонален компјутер.
• Сигурно, лесно и прегледно работење.
• Постојан увид на состојбата на Вашите сметки.
• Внесот на налози е можен 24 часа, 7 дена во неделата и со иден датум.
• Апликацијата е достапна за сите мобилни мрежи и може да се користи и во странство.

Регистрација и активација на НЛБ мКлик услугата
За да може да ја користите истата потребно е да се пријавите за услугата во која било експозитура на НЛБ Тутунска банка. После пријавата на SMS ќе ја добиете првата половина од активацискиот код, а на Вашиот e-mail втората половина од истиот, кој служи за генерирање на PIN при првата најава.
При првата најава на апликацијата потребно е да се внесе активацискиот код и тоа првата компонента се внесува во полето Код на персонализација, а втората компонента во полето Иницијална лозинка. По овој чекор потребно е во апликацијата да го внесете Вашиот произволно избран PIN кој ќе се користи во сите идни најави на НЛБ мКлик апликацијата.

Сигурност на НЛБ мКлик апликацијата:
•Апликацијата е заштитена од копирање и инсталирање на други телефони, бидејќи активациските кодови можат да се искористат само еднаш.
• Апликацијата се исклучува автоматски по неколку минути некористење.
• Апликацијата се заклучува автоматски по внесени 3 погрешни m-PIN кодови.
• Податоците за сметките на корисникот и m-PIN кодот не се чуваат на мобилниот уред
• Плаќањата, преносот на податоци како и целата останата комуникација помеѓу Вашиот мобилен уред и Банката се одвива ширирано со помош на софтверски токен интегриран во самата апликација со употреба на најсовремени методи за шифрирање на податоците.

Keywords: NLB mKlik, NLBKlik, NLB, Tutunska, NLB Tutunska, M-Klik, mKlik, М-Банкарство, Мобилно Банкарство

Tags: mобилната апликација eispiti, nlbklik na rm tutunska banka, nlb tutunska, nlb banka cazin, nlb tutunska banka, nlb tutunska banka klik, курсна листа widget, nlb tutunska banka проверка на состојба, НЛБ мклик, tutunska banka.

Recently changed in this version

Што е ново
• Преглед на состојба и аналитика на кредити и бизнис картички
• Преглед на резервации кај трансакциски сметки и платежни картички
• Опција Плати рата - автоматско пополнување на налог за плаќање долг
• Бришење на кориснички шаблони


Comments and ratings for NLB mKlik - NLB Tutunska banka
  • (53 stars)

    by Milan Vasilevski on 03/06/2014

    Mnogu korisna aplikacija!

  • (53 stars)

    by Aleksandar Petrovski on 07/05/2014

    Katastrofa

  • (53 stars)

    by Iggy Malinkov on 12/04/2014

    Moze li nekoj da mi kaze sto treba da vnesam na kod na personalizacija i inicijalna lozinka :-)

  • (53 stars)

    by Anita Mitreva on 20/03/2014

    Odlicna aplikacija...funkcionira se...perdonalizacijs od sms i inicijalna od mail...pin od brojki najmalki cetiri karakteri

  • (53 stars)

    by Stefan Hristovski on 09/03/2014

    Прочитајте Description за да видите како треба да се постапи при логирање и регистрација за оваа апликација, не е никаков проблем што се појавува нумеричка тастатура тоа е процедурата.

  • (53 stars)

    by Dule Trikik on 17/02/2014

    Katastrofa od aplikacija... nogu slozeno nesto za na telefon daj te ne se zaebavajte

  • (53 stars)

    by Tome Toshev on 12/02/2014

    Дечкиве сакаат да ги удесеттосручат парите што ги платиле за апликацијата. Плаќаш 70 денари......за што? Луге, дај поедноставете.